fbpx

Новата дива депонија на влезот од Тетово, наместо да биде остранета, се проширува

-

Новата дива депонија на надвозникот на влезот од Тетово сè уште не е отстранета. Купиштата ѓубре на оваа локација се таложат веќе неколку недели, а дел од жителите на тетовската населба Деребој, ја оградија дивата депонија, која се наоѓа во близина на нивните домови. Јавното комунално претпријатие Тетово на оваа депонија го истура и претовара сметот на отворено без никакви стандарди.

Граѓаните велат дека проблемот со депонијата сега е уште поголем.

– Сега ѓубрето се доближува до нашите домови, мириса лошо, се наближува летото и еколошката катастрофа ќе биде уште поголема – вели жителка на Тетово.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, минатиот месец рекоа дека ќе го исчистат ѓубрето, кое потоа ќе се претовара во посебни контејнери надвор од градот, се додека не се изгради современа претоварна станица каде ќе се рециклира отпадот, но ветувањето не се оствари.

И денеска над надвозникот имаше илјадници тони отпад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...