Нобеловата награда за литература годинава му припадна на Абдулразак Гурнах

Абдулразак Гурнах. Фото: Британски Совет

Нобеловата награда за литература оваа година ја доби Абдулразак Гурнах од островот Занзибар (Танзанија), којшто бил приморан да живее во Обединетото Кралство (ОК).

Според Нобеловиот комитет, наградата на Гурнах му се доделува поради „неговото некомпромитирано и сочуствително навлегување на ефектите на колонијализмот и судбината на бегалците среде засекот на културите и континентите“.

Гурнах израснал на еден од островите на Занзибар, пред да стигне како студент во Обединетото Кралство во 1960-те, пишува „Гардијан“.

Зад себе има објавено збирки раскази и романи.

Претходниот добитник на Нобеловата награда за литература со црна боја на кожата и роден во Африка, е Воле Сојинка.