fbpx

Николовски во Париз на состанок на Надзорната комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

-

Надзорната комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска ќе одржи состанок во Париз, на кој во својство на потпретседател ќе учествува шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски.

На дневен ред на состанокот на Надзорната комисија, кој според деловникот за работа се одвива зад затворени врати, пратениците ќе расправаат за можното поништување на претходно ратификуваните акредитации на членовите на руската делегација, функционирањето на демократските институции во Азербејџан, како и за исполнувањето на обврските преземни при членство во организацијата од Турција и за настаните во Украина.

На Надзорната комисија ќе биде поднесен устен извештај од посетата на Република Македонија на делегација на комисијата, во состав Стефан Шенах, Андреас Грос и Роберт Валтер, која се случи во април 2015 година.

На маргините на состанокот, Николоски ќе оствари и повеќе билатерални средби и размена на мислења со членовите на Надзорната комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...