fbpx

Непрецизности и грешки на белградско „Време“: Анализа со чудна „експертиза“

-

Угледниот српски политички магазин „Време“ во бројот 1.468, кој излезе на 21 февруари годинава објавува анализа за состојбата во Македонија „Поен за НАТО, демократијата како „колатерална штета“, од Ѓорѓе Вукадиновиќ, пратеник во српскиот парламент и уредник на политичкиот магазин „Нова српска политичка мисао“, која содржи неколку непрецизности и грешки.

Пишувајќи за кризата помеѓу Македонија и Грција во последните 28 години, како и за нејзиното разрешување, Вукадиновиќ прави неколку веднаш забележливи пропусти, кои се навистина непростливи за политички аналитичар од неговиот маштаб.

Вукадиновиќ пишува за „неуспешен референдум“, заборавајќи дека референдумот во Македонија за Преспанскиот договор, прво беше консултативен, привлече 666.000 гласачи од кои 91,46 отсто од гласачите гласаа за прифаќање на Преспанскиот договор.

Авторот вели дека антиквизација на Македонија почнала „од почетокот на спорот за Грција“, заборавајќи дека антиквизацијата почна пред десет гоини од 2008 година, со промените на името на скопскиот аеродром, на автопатот и со почетокот на епизодата со спомениците од античките личности со проектот „Скопје 2014“.

Вукадиновиќ пишува дека Македонија автопатот и аеродромот носат антички имиња, иако тие се преименуваа набргу по стапувањето на власт на новиот владин кабинет предводен од Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...