fbpx

Нема бесплатен јавен превоз за сите граѓани

-

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска:

 

Ветување: Бесплатен јавен автобуски превоз

Сообраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато доколку имаме лесно достапен и бесплатен јавен превоз. Предвидуваме ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТЕН квалитетен јавен градски автобуски превоз што ќе се реализира етапно во период на прилагодување. Скопјани тогаш ќе имаат еколошка алтернатива на автомобилите и ќе знаат да го направат вистинскиот избор.

[Извор: Изборна програма на Данела Арсовска – „За модерно Скопје“(стр.8);  датум: октомври 2021 г. ]

 

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Бесплатен јавен автобуски превоз,  вети градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во кампањата за локалните избори кои се одржаа на 17 октомври минатата година. Ова ветување на Арсовска, наведено во нејзината изборната програма, „За модерно Скопје“, стр.8, со којашто ја бараше довербата за  локалните избори во 2021 година, досега (26.09.2022) е неисполнето.

Ова е еден од приоритените проекти на Арсовска кои таа ги најави за време на изборната кампања,  уверувајќи ги скопјани дека на тој начин ќе се реши сообраќајниот хаос во градот.

Сообраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато доколку имаме лесно достапен и бесплатен јавен превоз, ветуваше Арсовска пред да дојде на градоначалничката функција.

Фото: Принтскрин изборна програма на Данела Арсовска – „За модерно Скопје“

Сепак, тоа досега не се случи. Бесплатен градски превоз нема за сите граѓани, туку како и претходно, бесплатно во автобусите се возат учениците, студентите на додипломски студии и пензионерите кои оваа можност ја користат четири дена во неделата –  вторник, петок, сабота и недела. Бесплатинот превоз за овие категории граѓани беше укинат  пролетта 2020 година поради заштита од ширење на коронавирусот, а  повторно е вратен на крајот на март оваа година по разлабавувањето на ковид мерките.

Билетот за автобуски превоз за едно возење за сите линии, според тарифниот систем на ЈСП чини 35 денари со електронска картичка, а доколку се плати со мобилен телефон е 40 денари. Билет за десет возења со важност од 15 дена за градските линии во Скопје чини 250 денари, а за сите линии 300 денари.

Па, со оглед на тоа што  јавниот автобуски  превоз не е бесплатен за сите граѓани на Скопје, ова ветување на градоначлничката Арсовска го оценуваме како неисполнето.

Во изминатиот период опозицијата повеќепати ја критикуваше Арсовска за неисполнување на ова изборно ветување. Таа, пак, во своите настапи вели дека не се откажла од проектот и уверува дека ова ветување ќе се реализира етапно, во фази во наредните две години.

Инаку, нејзиниот претходник и противкандидат за градоначалничкото место во Скопје, Петре Шилегов, овој предлог на Арсовска тогаш во кампањата за локалните избори  го оцени  како популистички, нагласувајќи дека ако Град Скопје буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш нема да останат пари за другите активности на градот.

 

ИЗВОРИ:

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...