fbpx

Не е точно дека Палчо бил екстрадиран во земјава на денот на изборите, а медиумите криеле

Наспроти изнесеното во објавата која ја рецензираме дека медиумите криеле екстрадиција, медиумите во конкретниот случај околу екстрадицијата се повикуваат на информации од официјални институции задолжени за екстрадицијата на Палевски

-

Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи од каде добивме одговор дека до моментот (14 мај 2024 точно 14 часот попладне) Палевски не е екстрадиран во земјава. Министерот за правда Кренар Лога истиот ден во гостување во „Слободен печат,“ прашан до каде е екстрадицијата на Љупчо Палевски, на 26 минута и 10 секунда во видеото изјави дека не е стигнат, но дека има согласност од турската страна и искажа верување дека најдоцна за две недели тој ќе биде во Македонија, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме две објави (овде и овде) со иста содржина на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Осомничениот „монструозен убиец“ Палчо екстрадиран, тивко, нечујно? Медиумски молк, молк од техничкиот во МВР. Зошто уште нема обвинение со докази и судска разрешница и без негово присуство? Беше кажано дека Љупчо Палевски Палчо беше екстрадиран на 8 мај по завршување на гласањето односно после 19 часот а во знак на поддршка на скопскиот аеродром беа Алфите на кои им искажувам голема благодарност во мое лично име. Меѓутоа, деновиве мои блиски со вест за Палчо малку ме загрижија кога реков дека е невин и во брзо време ќе го ослободат, а одговорот на тоа кон мене беше „Ако судењето се одвива зад затворени врати а да нема од медиумите или Комитет за човекови права“ тогаш ќе измислат дкеа е крив и не му се пише добро. Или ќе го најдат обесен или утруен за да речат наводно добил „срцев напад“. Не дај Боже а и не верувам дека со новата влада нешто такво би се направило. Меѓутоа, за секаков случај ќе мора членовите на Десна а многу повеќе неговиот адвокат да инсистира да биде јавно судењето. Ако неосуден го нарекоа „монструм“ па сега да видиме кои се вистинските монструми! Не можам да замолчам а јавно и гласно да се обратам до сите македонски медиуми и тоа со полно мое право. Срам и арам но и голем резил до сите вас што не ја известивте јавноста дека Палчо веќе е во Македонија во затвор. Ако знаевте да се пердашите во пишување и клеветење со епитети „даруван“ каде сте сега ако сте искрени да испитувате. Срамота! Навистина срамота, резил на сите вас!

Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи од каде добивме одговор дека до моментот (14 мај 2024 точно 14 часот попладне) Палевски не е екстрадиран во земјава. Постапката за екстрадиција е во надлежност на МВР во делот на испораката на Палевски во земјава. Министерот за правда Кренар Лога истиот ден (14 мај 2024) во гостување во „Слободен печат,“ прашан до каде е екстрадицијата на Љупчо Палевски, на 26 минута и 10 секунда во видеото рече:

 

Не е стигнат, останува само техничкиот дел да се изврши од страна на МВР. Полицискиот дел да се договори во кој момент и кога ќе треба да се екстрадира од Турција во Македонија. Тоа што беше наша задача ние експресно го завршивме уште од првиот момент. За таа работа ние бевме и на работна посета во Турција каде добивме поддршка дека во најбрз можен рок ќе биде испорачан во Македонија. За наша среќа, имаме согласност од нивна страна и верувам дека најдоцна за две недели ќе биде во Македонија, изјави министерот за правда Лога. 

Оваа негова изјава доаѓа шест дена по наведениот датум од објавата која ја рецензираме, така што не е вистина она кое се тврди, дека Љупчо Палевски Палчо бил екстрадиран и дека се наоѓа во затвор во Скопје, а медиумите тоа го премолчувале.

Со оглед на тоа што не бил екстрадиран на 8 мај, не е можно ниту наведеното во објавата дека „Алфите биле на аеродром да го пречекаат тој ден после 19 часот“.

Наспроти изнесеното во објавата која ја рецензираме дека медиумите криеле екстрадиција, медиумите во конкретниот случај околу екстрадицијата се повикуваат на информации од официјални институции задолжени за екстрадицијата на Палевски. Тоа е во согласност со членот 1 од Кодексот на новинарите според кој новинарот треба да објавува точни и проверени информации и да прави напори информациите да ги верификува од повеќе релевантни извори.

Љупчо Палевски Палчо е осомничен за убиство и грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тој е во Турција од каде треба да биде екстрадиран во С. Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа оградата од ковано железо околу Владата

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет...