Наскоро обуки за млади менаџери и деловни лидери во странски компании

Фото: Nick Morrison на Unsplash

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Советот на странски инвеститори ќе спроведе програма за млади менаџери и деловни лидери, која што ќе се реализира од јануари до мај 2022 година.

Целта на оваа програма е повеќе од 30 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки да стекнат конкурентни вештини и знаења.

Обуките се наменети за лица до 29-годишна возраст, а ќе се спроведуваат во 18 компании. Компаниите се членки на Советот на странски инвеститори, и тоа: ЕВН Македонија, Костал Македонија, Макстил, Џонсон Мети, Либерти Стил, Комфи Ангел, Ван Хоол, Пивара Скопје, Амфенол Технолоџи Македонија, Ронтис, Кромберг и Шуберт, Македонски Телеком, Шпаркасе Банка, Турмак (Џевахир Групација), Цементарница Усје, Баумер, ИутеКредит и Порше Македонија.

За бесплатните обуки може да конкурираат студенти кои што се во последната година од додипломските студии, дипломирани студенти, како и студенти на магистерски и докторски студии на високообразовни институции од научни области со кои се занимаваат компаниите вклучени во оваа програма.

Сите заинтересирани студенти можат да се пријават на www.fic.mk најдоцна до 10.01.2022 година.

Повеќе детали за програмата за млади менаџери и деловни лидери може да се добијат од лицата за контакт од: Пранвера Имери од Кабинет на претседателот на Северна Македонија, на е-адресата [email protected] или од Влатко Стојановски од Совет на странски инвеститори на е-адресата [email protected] или на телефонскиот број 02/3244-004.