fbpx

Нападите врз здравствените работници во конфликтните зони достигнаа највисоко ниво досега

Истражувачите забележале повеќе од 2.500 инциденти на „насилство или опструкција на здравствената заштита“ во 2023 година, вклучително и убивање или киднапирање на здравствени работници, бомбардирање, грабежи и окупации на болници

-

Нападите врз здравствените работници во конфликтните зони пораснаа за 25 отсто во споредба со минатата година, а воедно достигнаа и највисоко ниво досега, покажа нов извештај.

„Иако зголемувањето е главно поттикнато од новите војни во Газа и Судан, континуираните конфликти како Украина и Мјанмар, исто така, продолжуваат „со немилосрдно темпо“, соопшти коалицијата за Заштита на здравјето во конфликти .

Истражувачите забележале повеќе од 2.500 инциденти на „насилство или опструкција на здравствената заштита“ во 2023 година, вклучително и убивање или киднапирање на здравствени работници, бомбардирање, грабежи и окупации на болници.

Коалицијата повика на национално и меѓународно гонење на воени злосторства и злосторства против човештвото во кои се вклучени напади врз ранети, болни, здравствени установи и здравствени работници, пишува Гардијан.

Извештајот, исто така, предупреди на новиот тренд во кој беспилотните летала вооружени со експлозивно оружје се користат за уништување на здравствени установи.

Леонард Рубенштајн, од факултетот за јавно здравје Џонс Хопкинс, кој претседава со коалицијата, рече дека насилството нанесено врз здравствените работници достигнало ужасни нивоа. Извештајот вклучува примери каде работниците биле намерно цел.

„Недостигот на воздржаност што го гледаме од почетокот на конфликтите, ми сугерира дека законот за заштита на здравствената сигурност немал никакво значење за борците“, рече Рубенштајн.

Една доследна карактеристика на нападите е континуираната неказнивост за овие злосторства.

Коалицијата е составена од повеќе од 40 невладини организации и изготвуваше годишни извештаи за изминатите 11 години. Идентификуваше 2.562 инциденти на насилство врз или попречување на здравствената заштита во конфликтите во 2023 година.

Тие вклучуваат 685 случаи каде здравствените работници – вклучувајќи лекари, медицински сестри и возачи на брза помош – биле уапсени или киднапирани, и 487 случаи кога биле убиени, речиси двојно повеќе од бројот во 2022 година.

Во други случаи, здравствените установи биле оштетени или уништени и од владини сили и од недржавни вооружени групи. Тие објекти, исто така, биле „сè повеќе окупирани или пренаменети за воена употреба“, со што се крши хуманитарното право, се наведува во извештајот.

„Бројките треба да се сметаат за потценети, бидејќи е тешко да се добијат информации од конфликтните зони“, велат истражувачите.

Тие идентификуваа 11 земји и територии каде беа погодени здравствените услуги на децата, вклучително и бомбардирањето или окупацијата на детската болница Ал-Наср во Газа, Центарот за деца со рак Џувана Амал во Картум и Регионалната детска клиничка болница Керсон во Украина.

Во извештајпт предупредуват дека долгогодишните конфликти имаат „трајни ефекти“,  оставајќи мал или никаков функционален здравствен систем дури и по завршувањето на насилството.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...