Фабрикувано видео: Лажна „проекција“ на советското знаме на Брандербуршката порта

Полицијата на Берлин и компанијата која ја раководи Брандербуршката порта, за странски проверувачи на факти изјавиле дека видето е изменето. Не е јасно како се креирани лажните фотографии

Фото: Принтскрин видео

На видеото во објавата е прикажана Брандербуршката порта во Берлин, еден од најпознатите знаменитости на Германија, со наводна проекција на советското знаме на победата над Рајхстагот. Полицијата на Берлин и компанијата која ја раководи Брандербуршката порта, за странски проверувачи на факти изјавиле дека видето е изменето. Не е јасно како се креирани лажните фотографии. Советското знаме на победата беше подигнато од страна на Црвената Армија над зградата на Рајхстагот на 30 април 1945 година за време на битката за Берлин во која градот беше заземен од Советите, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук на која се презентира видео и пишува:

Некој го хакирал системот за осветлување на Брандербуршката капија во очи на утрешниот празник. Смрт на Фашизмот!

На видеото е прикажана Брандербуршката порта во Берлин, неокласична триумфална порта која е една од најпознатите знаменитости на Германија. Во видеото прикажано во објавата, на портата има наводна проекција на советското знаме на победата над Рајхстагот.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед прес, не е точно наведеното, дека ова знаме било проектирано на Брандербуршката порта во Берлин во вторникот вечерта пред годишната прослава со која се одбележува поразот на нацистичка Германија во 1945 година. Фотографиите се фабрикувани.

Полицијата на Берлин и компанијата која ја раководи Брандербуршката порта за Асошиејтед Прес потврди дека советското знаме на победата над Рајхстагот не се појавило во таа недела на споменикот, кој е еден од најпознатите знаменитости на Германијапишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес.

Корисниците на социјалните мрежи споделуваа фотографии и видеоматеријали на кои излгеда дека знамето е проектирано врз споменикот во Берлин во смисла на церемониите за одбележување. Во овие објави слично како и во онаа што ја рецензираме, се наведува дека „хакери ја пробиле заштитата на оваа порта во Берлин и го поставиле дигитално советското знаме на победата“. Објавата конкретно во случајот има над 140 допаѓања, 10 коментари и над 10 илјади прегледи.

Она што го утврдиле проверувачите на факти на Асошиејтед прес е дека нема никаква хакерска активност благодарение на која се појавило вакво знаме врз популарниот споменик од 18 век, кој од декември 1989 година ја симболизира обединета Германија после падот на Берлинскиот ѕид.

По разгледувањето на сите сознанија кои ѝ се достапни на полицијата во Берлин, видеата и фотографиите кои циркулираат на социјалните мрежи од наводната проекција врз Брандербуршката порта, констатирано е дека тие се оптичка/графичка измама, изјавила за Асошиејтед Прес Сузан Барахона, портпарол на полицијата во Берлин ( Polizei Berlin).

Портпаролот за BIM Berliner Immobilienmanagement, (компанија за недвижности која менаџира со Брандербуршката порта) Џоен Шаинке, исто така, за Асошиејтед прес истакна дека тврдењата кои се шират на социјалните мрежи се лажни.

Не е јасно како се креирани лажните фотографии.

Советското знаме на победата беше подигнато од страна на Црвената Армија над зградата на Рајхстагот на 30 април 1945 година за време на битката за Берлин во која градот беше заземен од Советите. Германскиот диктатор Адолф Хитлер изврши самоубиство истиот ден во својот подземен бункер.

Знамиња поврзани со Русија заедно со други симболи се забранети во Берлин и околината на 8 и 9 мај, според соопштение од полицијата во Берлин.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како изменета содржина (altered content), при што измената не е наведена и ги доведува во заблуда корисниците на социјалната мрежа, наведувајќи ги да помислат дека непостоечки настан навистина се случил.