Најновата Вулверин игра од Инсомниак беше хакирана и пиратизирана уште пред да излезе

Вулверин отсекогаш бил еден од најмаркантните ликови на X-man суперхероите

Вулверин скриншот од трејлерот од YouTube
*Скриншот од тејлерот за играта

Најновата игра со ликот Вулверин од „Икс Мен“ од девелоперите „Инсомниак“, беше хакирана и во моментов има демо од играта во вид на пиратерија каде се игра првото ниво. Но, покрај тоа, непозната хакерска група го откри и 10 годишниот план за следни игри на „Инсомниак“, по што протекоа многу информации и за договори помеѓу Марвел и Сони.

Еве како изгледа гејмплејот од најновата Вулверин игра (од рандом Јутубер во случајов YouTube каналот “Prophet Gaming77” иако гејмплејот е веќе масовно распространет):

https://www.youtube.com/watch?v=MruVhKBwams&t=197s  

За оваа игра имаме и претходни два интересени написи, првиот со најавата, а вториот со многу референци. Наводно хакерите побарале откуп од 2 милиони долари кои откако не им биле исплатени, беа објавувани секакви информации. После само два дена, за Вулверин играта која првиот ден беше достапна само на Sony PlayStation 5 Tester Port, масовно почна да се симнува од пиратски сајтови. Не ви препорачуваме да ја симнете, затоа што има ризик од компјутерски вируси.

Вулверин отсекогаш бил еден од најмаркантните ликови на X-man суперхероите, а самата различност на мутантите е симболика за постоењето на различни луѓе кои можат да живеат заедно. Таа филозофија на прифаќање на различните во подконтекст е и причината што актерот Иан Мекелен – најпознат актер по улогата на „Гандалф” во „Господарот на Прстените”, ја прифатил улогата на „Магнето” во првите филмови за „X-man”. Но и Хју Џекмен покрај потешкотиите што ги надмина со рак на кожата и иако мислеше дека никогаш повеќе нема да го игра Вулверин, се враќа во улогата на Вулверин во најновиот филм „Дедпул 3“, заедно со Рајан Ренолдс во главната улога. „Дедпул“ иницијално е меѓу најгледаните филмови со суперхерои на сите времиња и несомнено и најновиот филм ќе привлече огромна гледаност.

Што се однесува до официјалното излегување на играта за Вулверин која протече, планот е сменет и нејзиното легално излегување е планирано дури за три години од сега.