Најмалку едно лице убиено во украински напади врз Русија

Станбени згради во Москва се запалиле и летови од неколку аеродроми во Москва биле откажани, пренесува Би-би-си

-

Русија вели оти нивните одбранбени сили собориле најмалку 144 украински беспилотни летала кои таргетирале разни во државата. Најмалку една жена била убиена во нападите, станбени згради во Москва се запалиле и летови од неколку аеродроми во Москва биле откажани, пренесува Би-би-си.

Гувернерот на Москва, Андреј Воробјов, изјави дека неколку станови биле запалени во две високи станбени згради во Раменскоје во Московската област. Информираше дека 46-годишна жена загинала и дека три лица се здобиле со повреди во Раменскоје. Дополнително, 43 лица биле евакуирани во центри за привремено сместување.

Украина сè уште нема коментирано на нападите.

Според руското министерство за одбрана, околу половина од 144 беспилотни летала таргетирале цели во западниот пограничен регион Брјанск, 20 во Москва и 14 во регионот Курск.

Државните медиуми известија дека со биле затворени се четири аеродроми во Москва и биле откажани повеќе од 30 домашни и меѓународни летови.

Во меѓувреме, Украинските воздушни сили соопштија на Телеграм дека собориле 38 од 46 руски беспилотни летала кои ја напаѓале територијата на Украина, вклучувајќи Кијив, Одеса, Керсон, Суми, Харкив и Полтова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...