Најмалку 30 загинати при израелски напад во Бејрут

Министерот за здравство на Либан, Фирас Абијад, изјави за новинарите денес дека 68 лица се повредени

-

Најмалку 30 лицa загинале, меѓу кои три деца и седум жени, при израелски напад врз јужните предградија на Бејрут вчера, пишува Гардијан. 

Министерот за здравство на Либан, Фирас Абијад, изјави за новинарите денес дека 68 лица се повредени, од кои 15 се во болница, а израелската армија синоќа објави дека го убила главниот командант на Хезболах, Ибрахим Акил.

Дополнително, Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одложи неговото планирано заминување во САД , каде што треба да се обрати пред Генералното собрание на ОН.

Во петокот високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, му рече на Советот за безбедност дека нападот врз комуникациските уреди на Хезболах го прекршува меѓународното право и може да претставува воено злосторство.

„Згрозен сум од широчината и влијанието на нападите“, рече Турк, додавајќи дека „воено злосторство е да се изврши насилство со цел да се шири терор меѓу цивилите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нападите во Русија со американски ракети се клучни за Украина да стави крај на војната, вели Зеленски

Володимир Зеленски побара од Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да изврши удари со долг дострел во Русија со оружје испорачано од САД. Говорејќи пред клучното патување следната недела...