fbpx

На четири дена до крајот на пописот, досега се попишани 1.619.857 лица

-

Пописот на населението, домаќинствата и домовите во земјава завршува на 30 септември, а на четири дена пред крајот на пописот се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинства и 711.695 станови, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Овие резултати се заклучно со вчерашниот ден до 20 часот.

Пописот со несмалено темпо ќе продолжи и во текот на наредниве денови, а од ДЗС информираа дека секое домаќинство во земјава ќе биде посетено од попишувач и на секој граѓанин ќе му биде овозможено да се попише.

Исто така, оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома (не бил воспоставен контакт), ќе може да се попишат и во седиштата на Комисиите на пописните региони во секоја општина од земјава, а адресите може да се најдат овде. 

Инаку, заклучно со утрово во 7:30 часот, преку апликацијата за самопопишување во странство биле самопопишани 198.589 лица од дијаспората.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...