Извор на фотографија: Лекарска комора на РСМ

На вакциналните пунктови во државава, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Според последните бројки, барем една доза вакцина има примено 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто од населението над 65 години и 35 отсто од населението над 60 години.

„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk како и лица вработени во критична инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство и потсетуваат дека масовна вакцинација се одвива во повеќе градови: во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.