Музички албуми забележани во 2021 година

Фото: Принтскрин од видео на јутјуб

Во годината што измина, додека сè уште беа присутни последиците од силните „бранови“ на болеста ковид-19 предизвикана од коронавирусот и животот полека заземаше друг облик, некои се насочија во правец на креирање. Период во кој речиси сè e замрено може да претставува и ослободување на инспирацијата за нешто ново, инспирација затворена зад „креативен блок“ или непречено творење што доведува до нови авторски дела. Доказ е музичката сфера. Минатата година беа издадени бројни албуми, синглови, проширени изданија во различни жанрови на музика. Во продолжение претставуваме неколку музички „книги“ кои останаа забележани во 2021 година.

1. Рок музика

  • „Си нацртав живот“ – 21 век, воедно и нивни трет студиски албум. Издаден на 8-ми септември 2021 година, албумот е мелодична нота со тажни текстови кои влеваат заразна меланхолија во која може да се ужива на посебен начин. Во изведба на Васко Атанасовски, Раде Јордановски и Дени Крстев бендот за последниот албум што брои осум песни има снимено три видео спотови. Во 2021 година групата настапуваше на Д-Фестивал, Индирект Фестивал во Белград, Музички блок во МКЦ, фестивал КОКИНО и др.

  • „Hello World“ – Stoned Hedge е првиот студиски албум на новиот инди – рок бенд што се промовираше на македонската алтернативна сцена. Снимен во студиото „1060“ во издание на Пасворд Продакшн претставува композиција од осум песни во кои се забележува моќен женски вокал, гитара што свири уметност, зачинетост со ударен инструмент – тапани и се разбира она што го дополнува во целост, бас гитара. „Ежињата“, како што уште се нарекуваат, во годината кога го извадија својот прв албум гостуваа на сцените на The Park music festival во Гостивар, МКЦ За Скопје, Д фестивал, Пин фестивал.

2. Хип-хоп музика

  • „Втора слобода“ – С.А.М. & GLOOMIE, ЕP што содржи 5 песни во изведба на хип хоп артистот С.А.М. и музичка адаптација на Gloomiѐ оддава музичка воздишка на запев на рап музиката со присутност на рецитирање и текст што поистоветува со реалноста на многу. Проширеното издание беше евидентирано на 19 ноември, 2021 година, а достапно е за слушање на платформите YouTube и Spotify.

  • „Заборавените обиди (Пакет 1)“ – Tonyo San, официјално издаден на 26 ноември 2021, седум траки во музика и аранжман на долгогодишниот и плоден македонски рапер и музичар, Тонио Сан и скреч на „Легендарниот клавир“ од неповторливиот Dj Goce Saf. Мастер и целосна продукција на Милан Симовски а.к.а.

3. Џез музика

  • „Intertwining a Fugue“- Јордан Костов Ансамбл, студиска џез компилација што содржи 12 верзии на немирна игра и спонтана промена што од бура се претвора во мир и обратно од ред оди во хаос. Албумот беше издаден на 25 октомври, 2021 година. Достапен за слушање тука.
Фото: SJF Records
  • „Fragments“ – Zulu 3.4, инструменталниот бенд од Скопје, минатата година произведе компилација на песни што во себе содржат повеќе видови музика. Автентичен спој на експериметнална, амбиентална, електронска и џез музика, секоја од деветте песни е посебно компонирана и изведена.

4. Популарна (поп) музика

  • „Nine lives“ – YOVA, артистката Јова Радевска е автор на текстот на девет песни од својот најнов албум што го објави на 13 ноември, 2021. Музиката е аранжирана од Марк Вернон а се состои од виолина, виолончело, бас гитара, тапани, гитара и баритон-саксофон. Во сите песни се истакнува вокалната способност на Јова што се вклопува со различните инструменти, создавајќи мелодии што по звучност се преливаат од поп во рок и обратно.

  • „Fortuna“ – Марија Каева, продолжено издание или EP на македонската поп пеачка што за прв пат беше промовирано на 18 декември со концертна промоција во МКЦ. ЕР-то е исполнето со музикалност и лирика карактеристични за Каева, а дополнето со електронски инструментал по што се категоризира во електро поп жанрот. Во издание на ПМГ рекордингс, албумот е достапен за слушање на платформата YouTube.

Покрај музиката што беше забележана во овие жанрови, македонски музичари твореа и во правците на Метал, Панк, Трип Хоп, Блуз, Фанк, Реге, Фолк и други преку албуми и посебни песни, синглови како „Океј“ – Basement Cult, „Ќе те барам“ – Преку ред, „Без компас“ – Иван Кукиќ, „Pure Brilliance“ – Nyctophiliac, „Мировна тегла“ – Луфтанза, „Сѐ што знам“ – Наташа Миха и многу други.