Мобилна апликација нуди можност за натпревар на вработените кој повеќе зелени километри поминал

Македонската апликација Challenger веќе е достапна за корисниците од земјава, со која со секој километар поминат на велосипед или пешки се добиваат поени на апликацијата, кои можат да се заменат со попусти во локалните бизниси. Тимот на Challenger лансираше нов продукт Challenger@work, функционалност која е наменета за компаниите кои сакаат да ги мотивираат вработените да бидат општествено одговорни.

Станува збор за нов модел за компаниите – брендиран dashboard на кој се рангираат сите вработени според бројот на изминати зелени километри, а компанијата ги наградува најдобрите.

Дополнително, компаниите имаат можност да добијат свој затворен-брендиран предизвик на апликацијата Challenger, на кој ќе се вклучат само вработените од компанијата.