fbpx

Многу повеќе пари за патни трошоци, договорни услуги и привремени вработувања во буџетот за 2020 година

-

Владата во предлог-буџетот за 2020 година предвидела 924 милиони денари или околу 15 милиони евра за патни и дневни расходи што е зголемување за 5,3 милиони евра во однос на годинашниот буџет во кој за оваа намена се одвоени 599 милиони денари (9,7 милиони евра), утврди „Мета.мк“ во второто продолжение од анализата на новиот предлог-буџет.

Освен патните и дневните расходи, зголемување на предвидените трошоци има кај сите останати ставки кои потпаѓаат под буџетската категорија стоки и услуги.

За договорни услуги во предлог-буџетот се планирани 37,4 милијарди денари или околу 608 милиони евра, што е зголемување за 108 милиони евра во однос на годинава кога за овој вид трошоци биле одвоени 500 милиони евра.

Значително зголемување има и кај ставката материјали и ситен инвертар. Имено, за овој вид трошоци следната година се превидени 4,7 милијарди денари или 77 милиони евра, што е за 28 милиони евра повеќе отколку 49-те милиони евра одвоени за оваа намена во буџетот за 2019 година.

Владата планира да потроши 216 милиони денари или околу 3,5 милиони евра на привремени вработување што е двојно зголемување во однос на годинава кога за вакви вработувања биле наменети 88 милиони денари или околу 1,4 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...