fbpx

ММФ: Инфлацијата годинава 9,2 отсто, догодина ќе се намали на 3,5 отсто

Од ММФ велат дека во тек е економското опоравување во земјава, при што реалниот БДП годинава се прогнозира да биде 2,1 отсто, додека наредната година да се искачи на 3,4 отсто

-

Инфлацијата во Македонија започна да забавува, помогнато од пониските цени на енергијата и храната, но и како резултат на затегнувањето на монетарната политика од Народната банка – ова се заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која престојува месецов во земјава.

Според нивните очекувања, инфлацијата годинава ќе изнесува 9,2 отсто, а во 2024 година ќе се намали на 3,5 отсто. Во 2026 година, инфлацијата во земјава се прогнозира дека ќе изнесува 2 отсто.

Од ММФ велат дека во тек е економското опоравување во земјава, при што реалниот БДП годинава се прогнозира да биде 2,1 отсто, додека наредната година да се искачи на 3,4 отсто.

Покрај придонесот за постепено намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, монетарните мерки придонесоа и за стабилноста на девизните резерви, наведуваат од Мисијата на ММФ. Имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот, девизните резерви се најважната алатка во одржувањето на неговата стабилност.

Мисијата на ММФ посочува дека банкарскиот сектор е ликвиден, профитабилен и соодветно капитализиран, при што од ММФ посочуваат дека позитивните тековни услови треба да се искористат за натамошно зајакнување на капиталот. ММФ, исто така, ги поддржува макропрудентните мерки коишто ги усвои неодамна Народната банка, а коишто се однесуваат на квалитетот на кредитната побарувачка, за кои наведуваат дека се важна алатка за управување со ризиците во секторот „недвижнини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...