fbpx

Министерката Ременски поднесе кривична пријава против Диме Спасов

-

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ремески, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер Диме Спасов и службеничка вработена на пробна работа во министерството.

Кривичната пријава што ја поднела Ременски ги товари Спасов и службеничката за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата.

Како што објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика, постојат основи за сомневања дека спротивно на член 181 од Законот за социјална заштита, Спасов како министер ѝ пренел овластување на службеничката, Сузана Анова, која била на пробна работа, да одлучува во управна постапка, иако законски го немала тоа право.

„Во постапувањето по противзаконски пренесеното овластување било решавано за правата од социјална заштита на граѓаните. Поголем број решенија по жалби за укинато право на социјална парична помош и за правото на постојана парична помош се донесени од неовластено лице, а по поголем број предмети воопшто и не е одлучувано во законски утврдениот рок. Спасов како тогашен министер бил должен да ги почитува одредбите од Законот за социјална заштита и од Законот за општата управна постапка во однос на обврската за решавање по жалби во законски определен рок од 60 дена, во кој требало да обезбеди законитост во извршувањето на прописите во управна постапка, без да создаде услови во кои ќе го оневозможи законитото одлучување по жалби од лице кое нема законско право да решава по жалби во втор степен во управна постапка. Поради повредите на законските прописи за спроведување на управната постапка, голем број граѓани го изгубиле правото за заведување на управен спор со поднесување тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од прием на решението по жалба“, стои во соопштението на МТСП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...