Палка за голф и топче заиграа на говорницата на битолскиот општински Совет

-

Со голф-палка и со топче, кои советникот на ЛДП, Александар Касапов, денеска ги постави на советничката говорница во Битола, опозицијата ја потсети власта на неисполнетите ветувања за голф-терени.

По видеоприлогот, пак, на новинската агенција „Мета“ за задолжувањето на Општина Битола со кредит од 2,5 милиони евра за инфраструктура во поранешната касарна, прашањето денеска повторно се најде на седница на општинскиот Совет. Советниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ објаснуваа дека 1,8 милиони евра од кредитот ќе влезат во буџетот за 2016 година.

– Многупати досега од оваа говорница и на прес-конференции се ескплоатираше оваа тема, со изнесување невистини дека кредитот е земен и потрошен, ќе се троши ненаменски и нетранспарентно. Во буџетот за 2016 година се предвидени 70 проценти од кредитот, а 30 проценти ќе одат во буџетот за 2017 година. Каматата ќе се движи до два проценти – рече Соња Карапашовска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Касапов, советник на ЛДП, пак, вели дека и во буџетот за 2016 година е предвидено задолжување со кредит, но овојпат во вредност од  1,8 милиони евра.

– Царот Талески посака кредит и вие, неговите следбеници од ВМРО-ДПМНЕ, му ја исполнивте желбата. Во септември, под сомнителни околности, исчезна кредитот од буџетот за 2015 година. Сега, повторно имаме буџет за 2016 година и вашиот миленик Талески, предлага буџет со кредит од 1,8 милиони евра. Дали вие, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, имате храброст и доблест да му се спротиставите на Талески? Јас не верувам. И затоа со право граѓаните велат дека помеѓу вас, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, и Талески нема разлика – рече Каспов.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...