fbpx

Меџити: Лентите за мерење на шеќер се на пат кон државата, правиме напори да пристигнат и сензори

Од Министерството за здравство преку велат дека дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават лентите за мерење шеќер во аптеките

-

Министерот за здравство Фатмир Меџити на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека го решава „наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта“. Меџити информираше дека на пат кон државата е „доволна количина која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите“.

Од Министерството за здравство преку соопштение велат дека дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават лентите за мерење шеќер во аптеките.

Министерот во својата објава додава дека се прават и максимални напори за наскоро да пристигнат и сензорите за дијабет кои ќе може да ги користат децата за безболно мерење на шеќер.

„Со ова ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите. Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има“, пишува Меџити во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Министерството ретроактивно склучи договори за инсулински ленти, дијабетичарите ќе бараат обештетување

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...