fbpx

Манчевски: Трајановски да се врати во реалноста и да ја повлече одлуката за улица на кејот

-

„Со одлуката на Коце Трајановски и на ВМРО-ДПМНЕ, дел од кејот на Вардар ќе биде одземен од граѓаните на Скопје. Токму на сред пешачката зона на кејот, помеѓу ГТЦ, зелениот појас и терасите на угостителските објекти“, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, советник на Град Скопје, на денешната прес-конфереција одржана на Кејот 13 Ноемвври.

– СДСМ уште пред седум години предупредуваше дека ова ќе се случи. Со договорот за градење на зградата на денешен „Телеком“, инвеститорот „Дивелоп груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. За потсетување, се работи за фирма на Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, којшто Груевски го спомнува како бизнисмен под негова контрола, во еден од објавените разговори од проектот „Вистината за Македонија“ – вели Манчевски.

Тој вели дека вака предвидена, улицата ја загрозува безбедноста на граѓаните, особено на најмладите.

– Оваа одлука е целосно спротивна на усвоените мерки за безбедност на сообраќајот. Ова е класичен пример на узурпација на јавен простор и газење на волјата на граѓаните. На ова место не може и не смее да има сообраќајна улица. Најавуваме дека ќе ги преземеме сите мерки за да ги заштитиме интересите на граѓаните и бараме Коце Трајановски да се врати во реалноста и да ја повлече оваа одлука – изјави Манчевски, додавајќи дека ако Трајановски не ја промени одлуката, во координација со советниците од општина Центар, СДСМ и коалицијата ќе поднесат иницијатива за промена на овој детален урбанистички план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...