fbpx

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи

-

Проблемот со пласманот кој неодамна се појави поради спорните одредбите од новиот Закон за вино на Република Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината со потекло од нашата држава, преку комуникација со хрватските власти, успешно е надминат, информираше Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Во решавањето и надминувањето на проблемот учествуваа и претставници на Европската комисија. Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска. Имено, на истите им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното од Република Северна Македонија се географските називи на истото. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино“, се вели во соопштението.

Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...