fbpx

Македонска државјанка уапсена во Кукуш

-

Грчката полиција уапси 29-годишна Македонка, против која трага македонски Интерпол. За уапсената постоела црвена потерница од Интерпол за соучество во посредување при сексуални услуги.

Според информациите од полициската управа на Централна Македонија во Северна Грција, 29-годишната македонската државјанка е уапсена во близина на Кукуш рано изутринава. Притворена е поради потерницата на Интерпол со која се товари за соучество во посредување во услуги за сексуална злоупотреба на малолетници во 2010 година.

Покрај потерницата од Интерпол, против неа има и судска пресуда од Судот за прекршоци во Солун за прекршување на законот за странци во Грција. Имено, уапсената се обидела нелегално да влезе и да престојува во Грција, поради што судот во Солун и има изречено казна затвор од три месеци и дополнителна финансиска казна.

Уапсената македонска државјанка ќе биде изведена пред обвинител и се очекува неговата одлука во врска со почнување на процесот на екстрадиција во Македонија.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...