fbpx

Македонија со добри перформанси во превенцијата и во борбата против трговијата со луѓе

-

Република Македонија, во последните години, е препознаена како земја со најдобри перформанси во регионот во однос на превенцијата и на борбата против трговијата со луѓе, за што потврдуваат и извештаите на американскиот Стејт департмент. Ова во Охрид го нагласи Трпе Стојановски, директор на МАРИ – Регионалниот центар, во чија организација, заедно со МВР Центарот за безбедносна соработка, се одржува конференција на тема „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“.

– Феноменот на трговија со луѓе бележи надолна линија, но има и осцилации во тој дел. Затоа не може да се анализира само проблемот на трговија со луѓе изолирано од другите, би рекол, сродни области, како што е нелегалниот транспосрт на мигранти или нерегуларната миграција, кои имаат драматично зголемување на статистичките бројки. Во таа смисла е интересно да се види како овој вид кривично дело се манифестира, кои се новите облици, бидејќи најчесто криминалците кои се извонредно вешти ги комбинираат своите криминални дејности со други недозволени активности, како што е недозволената трговија со оружје или недозволената трговија со дрога, каде жртвите на трговија со луѓе од дистанца за помал ризик, а со поголем профит, придонесуваат овој вид криминал да биде сè повеќе присутен – вели Стојановски.

Рут Појман, национален заменик-координатор за трговија со луѓе од Канцеларијата на ОБСЕ во Виена, вели дека оттаму им помагаат на земјите од ЈИ Европа, а не ретко остварува и директни контакти со жртвите на трговија со луѓе.

– Има четири главни точки околу кои се фокусира нашата работа, обвинителство, заштита, превенција и партнерство. Во секоја од земјите ние имаме канцеларии во кои подиректно работиме на случаите со трговија со луѓе. На оваа конференција ќе се слушне за една клуч-студија од Босна и Херцеговина. Важно е да се каже дека ние контактираме и со жртвите на трговија со луѓе – додава Појман.

Бранимир Мандиќ, директор на Центарот за безбедносна соработка на Југоисточна Европа, вели дека проблемот на трговијата со луѓе е проблем на целиот свет и токму затоа е неопходна соработката помеѓу земјите.

– Со оваа конференција докажуваме дека проблемите со трговијата со луѓе не можат да се решат во самите држави, туку, во најмала рака, треба да имаме регионален пристап бидејќи тој проблем не е државен, туку е регионален и светски. Проблемот со трговијата со луѓе постоел и постои. Не е решен ниту, пак, ќе биде решен во наредниот период. МАРИ како центар се занимава со оваа проблематика, но она што е важно е што луѓето кои се занимаваат со трговија многу вешто се адаптираат со постојната регулатива и вешто ги наоѓаат слабостите. Нашиот одговор е со заедничка соработка да пронајдеме методи со кои ќе се следат тие трендови – појаснува Мандиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...