fbpx

Македонија во црвена зона според стапката на мозочни удари

Речиси секој четврти човек во земјава е во ризик од мозочен удар. Клучно за раното препознавање е брзата реакција

-

Македонија на светската карта е во црвена боја, како во однос на стапката на морбидитет, односно застапеноста на мозочните удари, така и во однос на морталитетот од истите, рече денеска претседателката на Македонското невролошко здружение, проф. д-р Драгана Петровска-Цветковска за време на одбележувањето на Светскиот ден на мозочен удар.

Овој ден се одбележува на 29 октомври за да се нагласи сериозната природа и високата стапка на мозочен удар, да се подигне свеста за превенција и третман на состојбата и да се обезбеди подобра грижа и поддршка за пациентите.

Граѓаните на Скопје, Кочани и Тетово денеска имаа можност преку настани да се запознаат со причините и последиците од оваа состојба.

Согласно светската статистика, секоја 40 секунда има ново лице со мозочен удар, а секоја четврта минута некое лице со мозочен удар завршува со фатален исход, информираше докторката Петровска-Цветковска на настанот што се одржа во Скопје на плоштадот Македонија.

Бројот на пациенти со мозочен удар во земјава драстично се зголемил во последните неколку години. На тоа влијаеле повеќе фактори, како постојаниот стрес, брзото темпо на живот, како и честите нагли промени на времето, особено за повозрасните граѓани.

Клучно за раното препознавање, велат лекарите, е брзата реакција.

„Сакам да напоменам дека е многу сериозна болест и во однос на стапката на појава е на второто место после кардиоваскуларните болести, а во стапката на инвалидитет се наоѓа на првото место. Значи кога еден граѓанин ќе доживее мозочен удар, обично останува поголема или помала последица во однос на движењето на раката и на ногата, говорот“, изјави Петровска-Цветковска, додавајќи дека кај 30 отсто од пациентите мозочниот удар се случил како последица на нерегулиран срцев ритам и несоодветна заштита со терапија.

Претседателката на Македонското невролошко здружение упати и апел дека консумацијата на кокаин, која во земјава е во подем, е еден од ризик-факторите за добивање мозочен удар.

„Просечно имаме околу 22-23 проценти на 100.000 жители застапеност на мозочни удари“, рече Петровска-Цветковска.

Лекарите порачаа дека луѓето треба да бидат свесни оти треба да направат некои чекори во однос на заштита на своето здравје, со цел да не се доведат во ситуација да доживеат мозочен удар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...