Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, денеска ги демантираше медиумските написи дека социјалната мрежа придонела за пораст на популарноста на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јавува „Би-би-си“.
Тој на трибината за нови технологии во Калифорнија, рече дека „Фејсбук“ не треба да се смета за одговорен за нешто такво.
– Идејата дека лажните новости на „Фејсбук“ влијаеле на исходот е ептен луда идеја. Ако во тоа верувате, мислам дека не сте ја сфатиле пораката што симпатизерите на Трамп се обидоа да ја испратат со овие избори – рече Зукерберг.
Според податоците, лажните приказни многу повеќе се споделувани на „Фејсбук“ отколку на другите социјални мрежи и на јавните дебати на кои Трамп учествувал.