fbpx

Лолита Чигане: Македонија заслужува позитивен фидбек кој може само да го охрабри продолжувањето на реформите

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за време на дводневната посета на Латвија, се сретна со латвискиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевич, министерот за одбрана, Раимондс Бергманис, како и со потпретседателот на Парламентот на Латвија, Инесе Либина Егнере, соопштија од македонското МНР.

На средбата со министерот Ринкевич, Димитров ја претставил одлучностa на Владата да ги реализира неопходните реформски активности за Република Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и на НАТО.

– Ние не само што не се плашиме од строги стандарди, туку и ги поддржуваме како неопходен услов за подобрување и за засилување на нашите институции. Евроатланската интеграција стимулираше стабилност и просперитет во Балтикот, што треба да служи како пример и инспирација и за Балканот – рече Димитров.

Министерот Ринкевич, како што се наведува во соопштението, ги поздравил и дал отворена поддршка за реформските политики на Владата, истакнувајќи дека Латвија принципиелно и со засилен интензитет ќе продолжи да ги поддржува напорите на Република Македонија за зачленување во ЕУ и во НАТО.

Од МНР наведуваат дека новата парламентарна група за пријателство е конкретен показател за искрената поддршка за Република Македонија која на Димитров му ја пренела и потпретседателката на парламентот на Латвија, Инесе Либина Егнере, на средба во латвискиот парламент. Таа изразила и одготвеност за засилување на соработката помеѓу парламентите. Силна поддршка за Република Македонија дала и Лолита Чигане, претседавач на Комисијата за европски прашања, според која „македонското општество е цврсто и издржливо дури и во време на кризи и Македонија заслужува позитивен фидбек кој може само да го охрабри продолжувањето на потребните реформи“.

Чигане додала дека балтичкото искуство e доказ за позитивното влијание на ЕУ и изразила надеж дека таква улога ЕУ ќе игра и на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...