fbpx

ЛГБТ-заедницата бара од ДУИ да не гласа за уставните измени

-

Oрганизациите кои работат за човековите права во Македонија, Албанија и во Косово се загрижени за предлозите што Владата и Собранието на Македонија ги предложија неодамна, со кои, меѓу другото, бараат да се постави на неправеден начин една граница во однос на правото за брак или соживот за секој поединец во Република Македонија, се вели во соопштението на ЛГБТ-заедницата.

„И покрај тоа што се чини дека само по себе предлог-амандманот 33 не е дискриминаторски, како што е наведено и од страна на Венецијанската комисија на Советот на Европа, неговата цел е да се ограничи правото на соживот или брак за ЛГБТ-лицата во Македонија. Тоа што за нас преставува поголема загриженост, е фактот дека овие предлози се поддржани од Министерството за правда, кое е предводено од еден Албанец, и поддржани, во исто време, од најголемата албанска партија, Демократската унија за интеграција. Ние денес бараме од целиот албански политички фактор во Македонија, особено од сите пратеници на Демократска унија за интеграција, да не гласаат за уставните промени кои имааат врска со бракот и со неговото дефинирање“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...