Флориан Бибер, професор по историја на Југоисточна Европа и политика и директор на Центарот за европски студии, заедно со Атанас Вангели, докторант на Факултетот за општествени истражувања на Полската академија на науките во Варшава, објавија текст во кој на европските посредници и олеснувачи во преговорите меѓу политичките лидери во Македонија им упатија неколку пораки.
Дека легитимизирањето на Груевски значи да се поддржува недемократска држава кандидат за членка на ЕУ, потоа дека давањето легитимитет на Груевски значи дека поддржувате заробена држава и дисфункционална политичка економија која се базира на неверодостојни податоци, дека поддршката на Груевски значи поддршка на изворот на нестабилност во регионот и пошироко и, конечно, дека со легитимизирањето на Груевски се изневерува граѓанското движење во Македонија кое бара оставка од Груевски.