fbpx

На социјалните мрежи најмногу се злоупотребуваат личните податоци

-

Вкупно 371 претставка од 331 граѓанин и од 36 фирми се жалеле за нарушување на приватноста во Македонија во текот на минатата година. Најмногу претставки се поднесени за нарушување на приватноста на социјалните мрежи. Ова денеска беше кажано на конференцијата за едукативен пристап кон предизвиците од заштита на приватноста, која се одржува по повод 10-годишнината од формирањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

– Бројот на претставките кои секојдневно ги добиваме и кои на годишно ниво се прикажани во извештаите, покажуваат дека во 2013, 2014 и во 2015 година се бележи пораст во нарушувањето на приватноста во поглед на социјалните медиуми – истакна Директорот на ДЗЛП, Димитар Ѓеорѓиевски.

Според заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Роберт Лидел, заштитата на личните податоци претставува човеково право.

– Денеска гледаме како компјутерите и интернетот преземаат контрола над нашите животи и оттука заштитата на податоците е многу важна. Затоа и постои Дирекцијата за заштита на податоците, но и граѓаните треба да преземат контрола за ова прашање. Луѓето мора да се свесни дека податоците се собираат и да знаат за што се користат – истакна Лидел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...