Пријавата за бомба наводно поставена во зградата на НБРСМ во Скопје е лажна, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР апелираат до граѓаните да не се вознемируваат, особено имајќи ги на ум воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, кои и НБРСМ ги имплементира.
По добиената пријава, Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност ги извршила потребните проверки и утврдила дека станува збор за лажна пријава.