недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: дојава за бомба | 26 резултати

Дојави за бомби испразнија неколку објекти во Загреб

18 април 2023

Неколку дојави за бомби денеска имало во објекти во Загреб. Станува збор за трговскиот центар „Avenue Mall“, во два суда и загрепскиот велесаем. Објектите се евакуирани, а полицијата ги пребарува просториите, пренесе ХРТ. Полицијата дојавите ги примила околу 9 и 50 утрово, по што полициски службеници веднаш излегле на терен. Вработените и посетителите ги напуштиле […]

Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

13 април 2023

Од оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби. Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи […]

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

4 април 2023

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од […]

И попладнево голем број дојави за бомби во училишта во Бугарија

29 март 2023

Трендот на дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во Бугарија, кои се покажуваат лажни продолжува и денеска во Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР). Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите Слично како со лажните дојави за бомби во Македонија, и […]

Петнаесетгодишник ќе одговара за тероризам оти пратил лажна дојава за бомба

22 март 2023

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам”. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), пријавениот малолетник на 24 февруари, […]

Петровска: Целта на хибридните напади е да предизвикаат паѓање на прозападните влади

15 март 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Клик Плус на ТВ21 вчера зборувајќи за кибер-заканите и дојавите за поставени бомби во институциите истакна дека целта на овие хибридни закани, е да се предизвика пореметување на мирот и стабилноста на Балканот и да се внесе несигурност, страв и паника кај населението. „Најчесто целта на хибридните војни […]

Нови дојави за поставена бомба во средно училиште во Скопје, заканите овој пат упатени до професори

14 февруари 2023

Нови дојави за поставени експлозивни направи, но овој пат само за едно средно училиште во Скопје. За разлика од сите досегашни закани за поставени бомби, за кои дојавите стигаа на електронските адреси на училиштата, денеска заканата била упатена на приватните електронски адреси на професори. Вкупно четиринаесет професори на своите електронски адреси попладнево добиле закани за […]

Пост на социјалните мрежи манипулира со лажни дојави за бомби во училиштата

21 јануари 2023

Постот што се споделува на Фејсбук е манипулативен и му недостига контекст. Точно е дека МВР уапсило 55-годишна жена осомничена за лажни дојави за бомби, но таа нема никаква врска со дојавите кои претходно биле испратени од мејл адреси од странство, за кои министерот Спасовски посочи дека се хибридни закани. Жената, инаку лице со здравствени […]

Лажна пријава за наводно поставена бомба во Пошта на Северна Македонија

29 декември 2022

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека, по добиената порака на електронската адреса во објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје за поставена експлозивна направа, е утврдено дека станува збор за лажна пријава. По добиената пријава полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на вработените и присутните граѓани, а извршиле и детални антитерористички проверки […]

Дојави за поставени бомби попладнево стасаа во 12 скопски училишта

27 декември 2022

На електронските адреси на 12 училишта во Скопје попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Веднаш по добиените пријави полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Од тие 12 училишта, пет се […]

Лажна е дојавата за бомба на аеродромот, соопшти МВР

16 декември 2022

Завршени се проверките на аеродромот во Скопје и во дел од училиштата, а утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потврдија за Мета.мк од МВР. Оттаму најавија дека по завршувањето на проверките во другите објекти, ќе излезат со повеќе информации. Утрово, нови мејлови со дојави за поставени експлозивни направи стасале до повеќе училишта, хотели, […]

ТАВ: По дојавата за бомба, летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен

16 декември 2022

Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, информираа денеска од ТАВ Македонија, откако скопскиот аеродром доби дојава за поставена бомба. Освен аеродромот, дојава добија и десетици училишта, хотели, како и трговски центри. „Меѓународниот аеродром Скопје […]

Лажни се дојавите за бомби во училиштата, МНР, трговските центри и висококатниците „Џевахир“

12 декември 2022

Министерството за внатрешни работи ги направи сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Ова го соопштија денеска во МВР. „Веднаш по добиените пријави, од […]

Една лажна дојава за бомби на 12 адреси, Скопје повторно блокирано

9 декември 2022

Со една електронска порака со лажна закана за поставени бомби на 12 локации, и покрај тоа што блокадите на приватните превозници беа делумно отстранети, градот Скопје денеска повторно беше блокиран. Покрај седум средни училишта, кои подолг период се мета на ваквите хибридни напади, денеска закана стигна и до Железничката станица, до полициската станица Беко во […]

Нова дојава за бомба во училиштата, по проверките учениците се вратиле на настава

9 декември 2022

Повеќе училишта во Скопје утрово на своите адреси за електронска пошта добиле нова дојава за поставена бомба. Ова е дванаесетта по ред дојава за поставен експлозив која се испраќа во образовни институции. До сега сите беа лажни. Денешната закана пристигнала во училиштата: „Владо Тасевски“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Никола Карев“ […]

Малолетник го признал делото за една од лажните дојави за бомби во скопските училишта

5 декември 2022

Малолетник од Скопје доби кривична пријава откако признал дека минатиот месец испратил лажна дојава за бомба до четири средни училишта во Скопје, што претставува прв случај на откривање на сторител кој испратил дојава за експлозивна направа во училишта. Од крајот на октомври па до денес, на територијата на земјава имаше вкупно 12 лажни дојави за […]

Евакуирани основци и средношколци во Кавадарци заради нови дојави за бомби

5 декември 2022

Нови дојави за поставени бомби, овојпат во училишта во Кавадарци денеска стасале на нивните електронски адреси. Се работи за две училишта за средно образование и три за основно – „Тоде Хаџи Тефов“ и подрачно училиште во село Бегниште, „Димката Ангелов Габерот“ и подрачното училиште во село Сопот, потоа, „Страшо Пинџур“ и подрачните училишта во селата […]

Спасовски: Целта на лажните закани за бомби е да се предизвика дестабилизација и несигурност

17 ноември 2022

Заканите за поставени бомби во училишта се испраќаат во среда или четврток, а друга специфика е што се појавува во една смена. Ова се работите кои се анализираат овој период, изјави за ТВ 24 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што тој информира, истрагата е комплексна. „Истрагата е комплексна заради тоа што учествуваат многу […]

Осма дојава за бомба во средни училишта, овојпат испраќачот бара поткуп

16 ноември 2022

Седум училишта во Скопје денеска на своите електронски адреси добиле електронска порака со дојава за поставена бомба, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што дознава Мета.мк, станува збор за училиштата „Никола Карев“, „Панче Арсовски“, „Михајло Пупин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Арсениј Јовков“ и „Раде Јовчевски Корчагин“. Директорите на училиштата со кои контактиравме рекоа […]

Седма дојава за бомба во четири гимназии, овој пат со вознемирувачка фотографија преземена од Интернет

11 ноември 2022

Нови дојави за поставени бомби стасале денеска на електронските адреси на четири училишта за средно образование во Скопје. Како што дознава Мета.мк, станува збор за гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“ како и гимназијата „Орце Николов“. Она што е поразлично од претходно е тоа што денеска и пред два дена, заканите стасаа […]

Страна 1 од 2