„Лавиринт“ од Ристо Лазаров објавена на чешки јазик

Осум години по објавувањето на книгата поезија „Чехопек“, во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров, стихозбирката „Лавиринт“, создадена во формат по кој е препознатлив овој поет – седум циклуси по седум песни.

Песните на чешки ги преведе академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата и на библиографија на Лазаров. Ликовното решение на корицата на книгата е на Дагмар Доровски.

Издавач на ова втора поетска книга на Ристо Лазаров, кој инаку е член на чешкиот ПЕН-центар, е издавачката куќа „Теибуна ЕУ“.

Наскоро во Белград се очекува и објавување на неговата најнова стихозбирка „Мрак“ на српски јазик.