Лансирањето на ракетата на НАСА одложено за во петок

фото: НАСА (nasa.gov)

НАСА го одложи лансирањето на ракетата што денеска требаше да се придвижи кон Месечината откако проблемот со истекување на еден од моторите ја принуди агенцијата да ги откаже плановите, јави „Д Врџ“.

Ракетата од типот СВЛ (Систем за вселенско лансирање) требаше да полета околу 14 часот и 33 минути по локално време, но беше одложено откако НАСА утврди дека не може да ја лансира. Следниот обид е закажан за в петок, 2 септември во приближно 18 часот и 48 минути по локално време. Ако тоа лансирање биде успешно, мисијата ќе трае 39 дена, а ракетата ќе се врати во Тихиот Океан на 11 октомври. Доколку не биде лансирана и тогаш, третиот обид ќе се случи на 5 септември.

По пробното лансирање, следниот значаен лет беше предвиден за 2024 година, кога НАСА планира да испрати екипаж од астронаути околу Месечината и назад, без слетување. Потоа, во 2025 година, НАСА планира да го лансира првото слетување на Месечината после мисијата Аполо 17 во 1972 година. Ова слетување ќе ја вклучи и првата жена што ќе стапне на Месечината.

НАСА одбројува до лансирањето на џиновската ракета кон Месечината (видео)