fbpx

Лани се регистрирани 119 случаи на дискриминација, велат од Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права лани регистрирал раст од 30 отсто кај пријавените случаи на дискриминација по разни основи, споредено со 2017 година

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права лани регистрирал вкупно 119 случаи на дискриминација по разни основи, што претставува раст од 30 отсто во споредба со 2017 година. Најмногу случаи на дискриминација во 2018 година биле пријавени во областа на работните односи (45), а по нив следуваат пријавите за пристап до добра и услуги (23) и здравство (20). Значителен е порастот на случаи на дискриминација во работните односи, но и во пристапот до јавни добра и услуги.

Во Годишниот информатор за 2018 година на Хелсиншкиот комитет за човекови права се наведува дека најмногу основи на дискриминација се регистрирани во делот на личниот и општествен статус, пол и род, сексуална ориентација, попреченост, етничка припадност и религија.

Од пријавените случаи од граѓаните, дури 92 случаи се облик на директна дискриминација, 26 случаи се однесуваат на вознемирување, а 1 случај на индиректна дискриминација.

Во 2018 година имало и 95 реакции на пријавените случаи на дискриминација, при што 70 од овие реакции биле во форма на активности на здруженија на граѓани и 25 како активности на државни институции.

Во однос на пријавените судски процеси за дискриминација од граѓанските организации, лани две од нив завршиле со позитивни судски пресуди, но и во идентичен број случаи имало негативна пресуда од судот. За три од судските процеси сè уште се чека на конечна пресуда.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека постои конзистентност во работата на Народниот правобранител, кој лани примил 77 претставки и имал 92 предмети по основ на дискриминација.

– Имаме вкупно 92 постапки по кои постапувал во 2018 година, од кои во 31 утврдил дискриминација, во 47 постапки не утврдил и има 15 активни постапки, чија завршница доаѓа во 2019 година – вели координаторот на проектот Игор Јадровски.

Комисијата за заштита од дискриминација лани работела на 119 постапки, при што во 19 случаи е утврдена дискриминација и е дадена препорака за отстранување на истата. Сепак, комисијата во 78 случаи утврдила дека немало дискриминација во пријавите на граѓаните.

Годишниот информатор на Хелсиншкиот комитет за човекови права е изработен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамки на проектот „Унапредување на човековите права“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...