fbpx

Лабуристите по 14 години доаѓаат на власт во Велика Британија

Победата на Лабуристите ќе се одрази во Парламентот со 412 пратеници од вкупно 650 места, што е за 211 повеќе од 2019 година. Конзервативците добија 120 места, што е драстична разлика од 2019 година кога имаа 250 пратенички места повеќе

-

Конзервативците во Велика Британија по 14 години прогласија брутален пораз. На место на премиерот Риши Сунак од Конзервативната партија ќе дојде Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија. Стармер е претседател на Лабурустичката партија од 2020 година, по професија адвокат, а во Парламентот во Велика Британија е од 2015 година.

Бруталниот пораз на Конзервативците остави многумина Британци без зборови, но и ги отвори прашањата каква политичка клима ќе владее во Велика Британија, но и во светски рамки.

Стармер во неговиот официјален говор се обрати до граѓаните и потенцираше дека тие го направија тоа – го избраа него за иден премиер, но и дека промените започнуваат веднаш. Тој им се заблагодари на гласачите, велејќи дека тие ја променија иднината на Велика Британија.

Фотографија креирана со АИ: Bild von Vilius Kukanauskas auf Pixabay

Победата на Лабуристите ќе се одрази во Парламентот со 412 пратеници од вкупно 650 места, што е за 211 повеќе од 2019 година. Конзервативците добија 120 места, што е драстична разлика од 2019 година кога имаа 250 пратенички места повеќе. Либералдемократите освоија 71 пратеничко место, што е пораст за 63 места, Реформистичката партија се здоби со само 9 места, со загуба од 38 места, Левичарската католичка партија доби 7 места во Парламентот, а останатите партии добија 28 места, со пораст од 14 места од 2019 година.

Според анкетите се предвидуваше дека Конзервативците ќе загубат на овие избори, но сепак долгоочекуваната промена за Велика Британија не беше предвидена со ваков драстичен резултат.

Денеска новиот премиер Стармер ќе се упати кон Бакингемската палата за да биде назначен за премиер од страна на кралот Чарлс III, што претставува една од низата формалности во Британската монархија.

Фото: Photo by Debbie Fan on Unsplash

Улиците на Лондон денеска се очекува да биде преплавени со новинари, кои ќе го следат неговиот автомобил додека се движи низ древните лондонски улици, опкружени со полицајци. Ова ќе биде прво премиерско назначување на кралот Чарлс по изборите. Средбата помеѓу новиот избран премиер и кралот се очекува да трае само 30 минути.

Претходниот монарх на Велика Британија, кралицата Елизабета Втора, има доделено вкупно 15 мандати за формирање на Владата, во текот на нејзиното 70-годишно владеење.

Во меѓувреме, досегашниот премиер Сунак заедно со неговото семејство е потребно да ги напуштат просториите на улицата Даунинг бр.10, каде што досега живееше и работеше премиерот на државата. Традиционално, лидерот во заминување остава рачно напишана белешка во која му посакува среќа на својот наследник.

Се очекува новоизбраниот премиер Стармер да се всели веднаш потоа. Својот прв говор се очекува да го одржи во најскоро можно време пред познатата црна врата на резиденцијата на улицата Даунинг.

Новодојдената партија ќе се соочи со низа проблеми како што се стагнација на економијата, распаднати јавни услуги, зголемена детска сиромаштија и бездомништво, како и нефункционалната Национална здравствена служба која тоне во финансика криза. Истовремено затворите се преполни, а некои градски и регионални власти се пред банкрот или веќе банкротирале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Орбан во ненадејна посета на Кина, глобалната безбедност во фокусот

По посетата на Москва, унгарскиот претседател Виктор Орбан е во Кина во посета на неговиот колега Си Џинпинг. Покрај бројните бурни реакции за неговата посета на Русија, тој на...