Краткометражниот филм „Проблемот на Тина“ утре премиерно ќе се прикаже во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ), утре (30 јуни), со почеток од 21 часот, ќе се одржи светска премиера на македонскиот краткометражен филм „Проблемот на Тина“ (Tina’s Problem). Филмот е во режија на Радован Петровиќ и е изработен по сценарио на писателката Румена Бужаровска.

Филмот ја раскажува приказната за 22-годишната Тина, која што откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед во својот живот.

Во краткометражниот филм играат Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Taмара Ристоска и Емилија Мицевска. Филмот е во продукција на Кино Око.

По филмската проекција ќе следува DJ set на Nastasya Kish!

Влезот на филмската проекција е слободен, но има ограничен број на бесплатни билети. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk