fbpx

Конференција за состојбата со ЛГБТИ-правата во Македонија низ призмата на евроинтеграциите

-

„Субверзивен фронт“ (С-фронт) по повод 17 мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија (IDAHOBIT) организира конференција посветена на состојбата и на правата на ЛГБТИ-лицата во Македонија и прогресот во евроинтеграциските процеси на земјата.

Во рамки на конференцијата, акцент ќе се стави на усогласувањето на македонското со законодавството на ЕУ, примената и почитувањето на Европската конвенција за човекови права, како и препораките на Европскиот парламент и Европската комисија за зајакнување на антидискриминациските закони во земјата.

Во првиот дел од конференцијата, излагање за состојбата на ЛГБТИ-заедницата во Република Македонија ќе има активистот и претседател на „С-фронт“, Антонио Михајлов, како и холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој ќе говори за начинот на кој Холандија, а и земјите-членки на ЕУ се справуваат со дискриминацијата и со говорот на омраза засновани на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет, кои претставуваат горливи проблеми во македонскиот контекст.

Свое видување за состојбата и за придвижувањето на политичката сцена во борбата за ЛГБТИ-правата, кои истовремено се и основни човекови права, како и во борбата со дискриминацијата ќе говорат потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, членката на извршниот одбор на ЛДП, Никица Корубин, извршниот директѕор на ХЕРА, Бојан Јовановски, и програмската асистентка на „С-фронт“, Викторија Бондиќова.

На крајот на конференцијата ќе биде доделена и наградата „Поддржувач на годината“, која се доделува на истакнати личности од јавниот и од политичкиот живот во Македонија за нивниот континуиран, значаен придонес во кампањата за еднакви права за ЛГБТИ-лицата.

Наградата „Поддржувач на годината“ се доделува вторпат. Минатата година, првата награда од овој тип му беше доделена на новинарот и ТВ-водител Огнен Јанески.

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
free online course
download karbonn firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy paid course