fbpx

Командоси нападнале исламисти и ги дочекало изненадување

-

Француските командоси вчера сосема случајно ослободиле Холанѓанец кој четири години бил заробеник на исламистите на Ал каеда.

Командосите во пустината Сахара го пресретнале караванот на џихадистите, а по борбите во кои се убиени исламистите, специјалците се изненадиле кога сфатиле дека тие со себе носеле заложник.

Сјаак Ријке, 54-годишен Холанѓанец, е киднапиран пред три години заедно со уште двајца, од хотелот „Тимбукту“ на Мали.

– Не знаевме дека со исламистите има заробеник, немавме никаква информација за него и бевме целосно изненадени – рече за француската телевизија претседателот Франсоа Оланд, додавајќи дека командосите биле во рутинска обиколка на подрачјата во Западна Африка каде се борат со силите на Ал каеда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...