fbpx

Кардиологија: Ниту еден пациент не останал без потребната грижа и терапија

-

На Клиника за кардиологија во секој момент има најмалку три типа антибиотици со широк спектар за парентарална употреба и повеќе од пет типа антибиотици за пероорална употреба, се вели во демантот на Клиниката за кардиологија по повод соопштението на СДСМ, во кое се вели дека, „клиниката останала само со еден антибиотик со кој ги лечат сите пациенти.“

Оттаму велат дека за повеќето од пациентите со срцеви заболувања, не се потребни антибиотици во третманот.

– Со оглед на тоа што на клиниката се случува да лежат и пациенти со придружни заболувања за кои има потреба од антибиотски третман, истите на почеток се покриваат со антибиотик од широк спектар. Доколку се работи за пациенти со воспалителни срцеви заболувања, лекувањето со антибиотици оди според антибиограм, односно се лекуваат со антибиотикот кој е најефикасен за нивната болест – се вели во соопштението на Клиниката за кардиологија.

Во однос на пациентите кај кои се имплантираат електростимулатори, велат дека според соодветните препораки, антибиотик со широк спектар се дава еднократно за превенција на идни компликации.

– За другата терапија на срцевите заболувања, Клиниката располага со најмалку по еден лек од секоја генерика. Доколку пациентот инсистира на свое барање да не го менува лекот што го примал во редовна терапија, дозволено е истиот да го продолжи. Истото се однесува и за лековите кои хроничните болни ги земаат за придружните невролошки, ендокринолошки, белодробни и други заболувања – се додава во соопштението од Клиниката за кардиологија.

Оттаму истакнуваат дека ниту еден пациент не останал без потребната грижа и терапија, а мешањето на политика во здравството и водењето кампањи со фрлање дамка врз професионалното работење на Клиниката за кардиологија, не е во интерес на пациентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...