fbpx

Кинотека го додаде Кирил Ценевски во својата „Куќа на славните“

-

По повод 80 години од неговото раѓање, на 28 јануари 1943 година, Кинотеката на С. Македонија го постави портретот на филмскиот режисер и сценарист Кирил Ценевски, кој почина на 17 јуни 2019 година во Скопје, како дел од „Куќа на славните“, ѕидот на кој се поставени фото-портретите на доајените на македонската кинематографија.

Кирил Ценевски првпат на игран филм професионално е ангажиран во „Вардар филм“ – Скопје, како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот Цената на градот, од 1970 година, а веќе следната 1971 година Ценевски го режира дебитантскиот игран филм Црно семе, неговото најпознато остварување и без сомнение еден од најзначајните филмови во историјата на македонската кинематографија воопшто. За овој филм што ја раскажува приказната за македонските заточеници на пуст грчки остров за време на Граѓанската војна во Грција, Ценевски добива повеќе награди на најзначајните фестивали во тогашна Југославија, а е и прв македонски игран филм повеќекратно наградуван на интернационални филмски фестивали: „Златна арена“ и „Златен венец“ во Пула; „Жар птица“во Москва; „Златен Лачено“ во Авелино; македонската републичка награда „11 Октомври“, а бил и југословенски кандидат за „Оскар“ во 1972 година.

Дела на Ценевски се и Јад, досега единствениот македонски филм со средновековна тематика, за кој добива „Специјална награда“ во Карлови Вари, филмовите Леополд Седар Сенгор, Еугенио Монтале,  документарецот во боја Џафра, Оловна бригада, Јазол и други.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
download udemy paid course for free
download lava firmware
Free Download WordPress Themes
udemy paid course free download