fbpx

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава

-

Р.С. Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, утврден од  Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, информираат денеска од Министерството за финансии. Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед земјата го има во континуитет и особено е значајно дека не е променет и во време кога се соочуваше со здравствено-економска криза, како и ценовната и енергетска криза.

„Стандард и Пурс“, во извештајот нотира дека  кризата ќе има влијание врз економскиот раст и во текот на оваа година, но очекувањата се дека  на среден рок тој ќе се врати на трендот пред кризата. Двигатели на растот, според „Стандард и Пурс“, ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и дознаките од странство.

„Покрај потрошувачката, клучен двигател на растот, ќе бидат инвестициите, особено јавните инвестиции, како што се проектот за автопатот Коридор 8 и Коридор 10. Придонес врз економските перспективи на земјата се очекува и од придвижувањето на ЕУ пристапниот процес. Странските директни инвестиции се очекува да закрепнат, а инфлацијата и ценовните притисоци да се намалат, се вели во соопштението од Финансии.

„Стандард и Пурс“, како што посочуваат, очекуваат фискалната консолидација да продолжи. Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,1 %, кое е пониско од владините проекции (4,6 %).

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...