Кевин Мајер си поднесе оставка од функцијата директор на ТикТок

Image by Solen Feyissa from Pixabay

Извршниот директор на ТикТок, Кевин Мајер си поднесе оставка од функцијата на помалку од шест месеци откако дојде на оваа функција.

„Во последните неколку недели, како се менуваше политичкото опкружување, направив рефлексија и анализирав за тоа што ќе бараат корпоративните структурни промени и што значи тоа за улогата за која се пријавив. Со тешко срце сакам да ве известам дека решив да ја напуштам компанијата“, вели Мајер.

Од компанијата изјавија дека целосно ја почитуваат неговата одлука, посакувајќи му успех и благодарност за сработеното.

Во моментов Владата на САД се соочува со тужби од ТикТок и корисниците на WeChat. ТикТок ја тужеше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради извршната наредба која ѝ забранува трансакции со матичната компанија “БајтДенс”.

Претходно, Трамп издаде извршни наредби со кои ќе се забрани социјалната мрежа TikTok, како и апликацијата WeChat, да работат во САД доколку нивните матични компании, кои се во кинеска сопственост, не ги продадат.