fbpx

Касами: Додека не се видам лично со Реџепи ќе верувам дека против своја волја е спречен да присуствува

-

Лидерот на Беса и актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами пред Собранието во изјава за медиумите рече дека верува оти пратеникот на Беса кој не присуствува на седницата на која треба да се гласа доверба на владата, тоа го сторил не по своја волја.

„Во врска со пратеникот Кастриот Реџепи, до сега не сум бил во комуникација со него“, изјави Касами и додаде дека има индиции дека пратеникот е запрен против неговата волја и во тоа ќе верува сè додека не го види лично и додека самиот тој не го каже својот став. Касами нагласи не знае каде се наоѓа Реџепи и дека е во комуникација со локалните и меѓународните институции.

На новинарско прашање дали се преговара за да се обезбедат 61 пратенички глас за уривање на владата, Касами нагласи дека за Беса приоритет е да воспостави контакт со Реџепи.

Седницата за гласање доверба на владата не може да почне поради немање кворум, откако Кастриот Реџепи од Беса соопшти дека нема да учествува на седницата, и покрај тоа што неговата партија одлучи да гласа за соборување на владата.

Инаку, Реџепи утрово на Фејсбук објави дека нема да учествува на денешната седница на Собранието на која се гласа за доверба на владата. Главна причина, според објавата на Фејсбук, е тоа што тој верува во Евро-атланската интеграција на земјата, која во моментов нема потреба од политичка криза.

„Една од главните каузи за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кое припаѓам, беше Евро-атланската интеграција на РСМ“, напиша Реџепи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...