Фото/Принтскрин видео

Познатиот српски пејач на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85-годишна возраст како последица од компликации со корона вирусот.

Тозовац пред извесно време бил примен во болница, но состојбата му се влошила, поради што не усепал да се пребори со ковид-19.

Легендарниот српски пејач стана популарен откако сними дуети со познатата пејачка Силвана Арменулиќ, а беше и познато телевизиско лице. Долги години соработуваше и со други легенди на народната музика како Предраг Гојковиќ-Цуне, Мирослав Илиќ и Лепа Лукиќ.