fbpx

Јоксимовиќ не е по мерка на ВМРО-НП

-

Општинскиот разгранок на ВМРО – Народна партија во Охрид, на изборот на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за кум на годинешното празнување на христијанскиот празник Богојавление – Водици, му придаде политичка, верска и меѓудржавна конотација.

– Можеби единствената „грешка“ на здружението и на локалната самоуправа е тоа што минатата година не ја назначи Лепа Брена за кума на празникот. Со ваквиот чин, не можеме да тврдиме, но најверојатно ќе се приближат ставовите на МПЦ и на СПЦ и конечно ќе се реши долгогодишниот спор меѓу двете цркви. За празникот да биде комплетен, можеби е подобро организаторите да размислат светиот крст во водите да го спушти расчинетиот владика Јован Вранишкоски. Сосема на крај, сакаме да ги потсетиме здружението и локалната самоуправа, како и градоначалникот Бакрачески, кој беше видно возбуден заради кумството на Јоксимовиќ, дека станува збор за чествување на еден од најголемите христијански празници, а не за забава – соопштуваат од ВМРО- НП.

Од локалната самоуправа одговорија во ист стил. Соопштението на ВМРО- НП го оценуваат како несмасно, со верски и со национални компоненти на омраза, кои директно ги понижуваат граѓаните на Охрид и надалеку познатата охридска гостопримливост.

– Освен тоа, нападите на почитуваните од ВМРО-НП покрај неиздржаноста, упатени се на погрешна адреса. Општина Охрид не учествува во изборот за кум на манифестацијата, туку тоа го прави Здружението за афирмација на македонската православна црква „Богојавление“. Се надеваме дека во иднина нема да има вакви испади на политички партии кои за добивање ситни политички поени фрлаат белег на оваа значајна верска и културна манифестација – се наведува во реакцијата од локалната самоуправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...