(ВИДЕО) Тепачка во укаринскиот парламент

-

Во украинскиот новоизбран парламент, настана тепачка меѓу дваесетина пратеници поради политички несогласувања. Решавањето на спорот со тупаници се случил вчеравечер поради прераспроредување на претседавањето во законодавните одбори меѓу фракциите во парламентот на Украина.

– Не, не, не, застанете, застанете! Престанете, почитувани колеги, престанете и ве молам да се вратите на вашите места – повторувал претседателот на парламентот, Владимир Гросман, близок соработник на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Независниот пратеник и поранешен лидер на протестите на киевскиот плоштад Мајдан, Владимир Парасјук, порача во парламентот да се заборават принципите на побуната која доведе до соборување на поранешниот претседател Виктор Јанукович во февруари.

Парасјук, обраќајќи ѝ се на парламентарната коалицијата која ја поддржува претходната украинска администрација, се закани дека „ако уште еднаш ја отворат својата бедна уста во парламентот, ќе ги исфрлат многу брзо, а нивните милиони нема да ги заштитат“.

– Мајдан и украинскиот народ се борат за транспарентност. Ако работиме дополнителни половина час во овој парламент и му покажеме на украинскиот народ дека не избрале неколку идиоти, туку дека сме им на услуга, ние само ќе заработиме бонус поени – рече Парасјук.

https://www.youtube.com/watch?v=Je5I4sgvXD4

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...