fbpx

Јеменските власти ја презедоа контролата врз воената база Ал Анад

-

Јеменското министерство за одбрана денеска соопшти дека владините сили ја презеле контролата над најголемата воена база Ал Анад, која од март годинава беше во рацете на шиитските бунтовници од племето Хути. Министерството ја поздрави акцијата на вооружените сили лојални на претседателот Абд Мансур Хади.

Арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабоја, од 26 март ги бомбардира позициите на шиитските бунтовници, поддржувајќи го Хади, кој побегна од земјата.

Хутите од септември минатата година ја презедоа контролата врз главниот град Сана, каде зазедоа повеќе институции, а високите претставници ги ставија во домашен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...