fbpx

Јанкулоска: Граѓаните се мудри и ги познаваат политичарите

-

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на трибината на партијата во Крива Паланка, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна партија, секогаш чувствува потреба да даде отчет пред сопствениот народ.

– Во последните неколку месеци, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ промовираше повеќе од 60 различни мерки што се однесуваат на различни области од општественото живеење. Она што денеска сакаме да го претставиме пред граѓаните се тие мерки, без разлика дали се работи за проектот „Македонија вработува“ или за земјоделци на кои ќе се однесуваат новите мерки – истакна Јанкулоска.

Таа се осврна и на политичката ситуација во државата.

– Очигледно е дека Зоран Заев и негоите соработници соочени со недостиг од идеи и немајќи конкретна понуда со што може да излезат пред граѓаните, се одлучија за политичка презентација со средства кои се крајно недозволени – изјави таа.

Според неа, и покрај обидите на Заев, граѓаните на Македонија се мудри и тие ги познаваат политичарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...